Психолозите и биолозите се сигурни дека нашите миленичиња ни помагаат да живееме подолго и да бидеме поздрави во целост. Но, некои миленичиња не се слични на другите: тие брзо размислуваат, храбри се и весели. Тие ни помагаат толку многу што дури можат да ни го спасат животот.
1. Хорхе и Чикита
Мало куче во Костарика почнало да лае и да трча по луѓето на улицата. Тие првин го игнорирале, но неколку решиле да го следат каде ќе ги одведе. Кучето Чикита ги однело до нејзиниот сопственик Хорхе кој се онесвестил на патот. Таа влегла со него во амбулантното возило и го чекала во болницата. Благодарение на неа Хорхе преживеал.
2. Д-Бој примил куршум
Роберта Травик била дома со нејзиниот питбул Д-Бој кога крадец влегол во куќата. Тој почнал да ѝ прети на Роберта со пиштол, а во тој момент Д-Бој скокнал да ја одбрани. Крадецот пукал во кучето 3 пати, од кои еден куршум завршил во главата на Д-Бој. За среќа кучето сега е добро.
3. Хана и Вили
Меган Хауард, е сопственик на мал зелен папагал Вили и дадилка на тогаш 3-годишната Хана, имала обичен ден дома. Таа испекла пита и ја оставила на масата да се лади додека таа да оди до тоалетот. Тогаш го слушнала Вили како зборува „Мамо бебе! Мамо бебе!“. Таа влегла во кујната и видела дека фали залак од питата, а Хана лежела на земјата помодрена во лицето. Таа го извела методот Хајлих на Хана и го спасила нејзиниот живот.
4. Скај, кучето што се бореше со ајкули
Во оваа приказна патуваме во Австралија, каде што капетанот на бродот, Франц ван Деропол, нуркал кога 2 ајкули почнале да кружат околу него. Скај, која исто така стоела на бродот, го виде нејзиниот сопственик во опасност и скокнала во водата со ајкули во обид да се бори за животот на нејзиниот сопственик. Таа го спасила Франц, но за жал, таа загинала.
5. Тара мачката херој
Оваа приказна стана вирална на Јутјуб откако татко на младо дете, Роџер Триантафило го сподели следното видео, за неговата мачка Тара.
6. Ејс пожарникарот
Неговиот сопственик, 13-годишниот Ник Ламб е глув. Тој бил дам дома кога куќата се запалила и чадот почнал брзо да го пополни воздухот. Бидејќи не го носел неговото слушно помагало, тинејџерот немал начин да го забележи пламенот.
Меѓутоа, неговото куче брзо реагирало. Влегло во собата на сопственикот, и го разбудил. Ник потоа го почувствувал чадот, кој во тој момент веќе почнал да ја исполнува неговата соба. За среќа, Ејс го разбудил токму навреме за да избега од куќата.