Ние не мислиме дека многу луѓе ќе бидат зачудени ако им кажете дека постојат места во светот каде што луѓето често исчезнуваат. Секој има слушнато за Бермудскиот триаголник и триаголникот Бенингтон, каде се случија низа чудни работи. Но, тие не се единствените места од кои луѓето исчезнуваат.
Меѓудржавен автопат 80, САД
На 14-ти април 2011 година полицијата добила повик од локален жител дека има напуштен автомобил на И-80. Кога полицијата пристигнала забележале дека автомобилот е во добра состојба и имало доволно бензин. Тој му припаѓал на 82-годишниот ветеран од Втората светска војна Патрик Карнс.
Полицијата не можела да го добие сопственикот на телефон, а паричникот и други вредности сѐ уште биле во автомобилот. По два дена синовите на Патрик дошле во полициската станица за да пријават дека нивниот татко кој се враќал од посета на роднини од Охајо не пристигнал дома.
Полицијата почнала да го бара со сите можни средства, но не пронашле ниту една трага од него. Единствено што откриле е дека пред да исчезне возел со преголема брзина и го стопирала полицијата. Тој се извинил и им кажал дека брза затоа што не се чувствува безбедно на автопатот и дека прател некој камион до Елко, за да преноќи. Сепак Патрик сѐ уште не е пронајден.
На 21 септември 1978 година, Нан Диксон, која во тоа време имала 73 години, исчезнала на истиот автопат. Таа возела кон нејзиниот брат, а едниствена трага за неа била сметката за бензин. Во 1982 година била пронајден нејзиниот автомобил на место каде полицијата веќе неколку пати го пребарала.
Во автомобилот пронашле 4 кутии цигари, селотејп со коса на него, дами од крв и проштално писмо кое не било потпишано. Телото на жената никогаш не било пронајдено, а нејзиното семејство не верува дека извршила самоубиство.
И 24 години подоцна, 62-годишната Џудит Касида исчезнала на истото место. Семејството пријавило дека Џудит исчезнала на 14 февруари 2006 година, но автомобилот на жената не бил пронајден до 5 март. Тој бил паркиран покрај излезот 205 од I-80, истото место каде што 5 години подоцна ќе биде пронајден автомобилот на Патрик.
Апалачка патека, Национален парк Големите чадливи планини, САД
На 13 јуни 1969 година, 6-годишниот Денис Мартин, со својот постар брат, татко и дедо, во националниот парк каде требало да го поминат заедно „Денот на татковците“. Тие кампувале на ливада каде имало повеќе деца со нивните родители.
Децата играле игра во која скокале од тревата и ги „плашеле“ возрасните. Тоа го правел и Денис, но во еден момент исчезнал. Околу 1.300 луѓе учествувале во потрагата по момчето, вклучувајќи ги и агентите на ФБИ, но никој не дошол блиску до решавање на мистеријата.
И 7 години подоцна, Трени Лин Гибсон исто така исчезнала во паркот. Таа заедно со останатите 16-годишни соученици била на планинарење организирано од училиштето. Бидејќи била побрза од другите се одвоила и тргнала пред нив. Оттогаш и се губи секаква трага. Чудно е тоа што и пред неа и зад неа имало групи од ученици и професори но никој не слушнал ниту видел што се случило со Трени.
Во 1981 година, на истата патека, исчезнала 58-годишната Телма Полин Мелтон. Таа била на кампување заедно со пријатели.
Телма одела напред а пријателите ја следеле, затоа што таа 20 години водела туристи на патеката, но во одреден момент ја снемало и нејзините пријатели, а подоцна и полицијата не можеле да ја пронајдат.
Флиндерс автопат, Австралија
На овој автопат исчезнуваат многу луѓе но најчесто телата брзо се наоѓаат. Сепак има неколку мистериозни исчезнувања. Еден од нив е 20-годишниот Тони Џонс, кој исчезнал во 1982 година, кога решил да патува автостоп. Тој за последен пат разговарал со неговата мајка, која му кажала дека му пуштила 150 долари на сметката и оттогаш му се губи секаква трага.
И до ден-денес никој не знае што се случило со Анита Канингем. Таа патувала автостоп со својата пријателка Робин и тие требале да се сретнат со мајката на Робин, но никогаш не стигнале до дестинацијата.
Робин била пронајдена мртва, но за Анита сѐ уште не се знае ништо.
Пешачки патеки на националниот парк Јосемити, САД
14-годишната Стејси Арас отишла да се кампува со својот татко. Тие биле во група од 10 луѓе. Таа решила да оди до езерото со еден 77-годишен човек од групата. Но, по патот тој се изморил, а Стејси решила да продолжи сама. За споледен пат била видена од водич како се одмара на камен и оттогаш и се губи секаква трага.
Тимоти Барнс исчезнал во јули 1998 година, одејќи на една од пешачките патеки.
Истата година, Дејвид Пол Морисон (28 години) исчезнал во овој парк.
Во 2000 година, во близина на долината, 45-годишниот Киран Кора исчезнал.
Истата година во август, Рутан Руперт исчезнала.
Во јуни 2011 година, Џорџ Пенса, кој отишол во Јосемит Фолс со група, исчезнал.
И во септември 2016 година, 74-годишниот Питер Џексон исчезнал во паркот. Тој изнајмил камп. Неговиот автомобил бил пронајден во близина на неговиот шатор, но тој никогаш не бил пронајден.
Патека на солзите, Канада
Патека на Солзите е неофицијално име што канадскиот народ го дал на автопатот 16. Од 1969 година 21 девојче исчезнало во оваа област.
Првиот случај се случил на 15 октомври 1969 година. 26-годишната Глорија Муди исчезнала по забава со пријателите. Нејзиното тело било пронајдено наредниот ден на патеката на солзите. Иако телата на некои девојки биле пронајдени сепак некои од овие исчезнувања останале мистерија.
На пример, полицијата никогаш не дознала што се случило со 16-годишната Шели Ен Баску, која исчезнала во 1983 година. Облеката на Шели била пронајдена на брегот на реката Атабаска. Нејзиното тело никогаш не било пронајдено.
И 6 години подоцна 15-годишната Делфин Никал исчезна во истиот регион. Само 10 месеци пред оваа трагедија, роднината на Делфин исчезнала. Нејзиното име било Сесилија Ана. Нејзиното исчезнување се случило во Ванкувер, но последен пат била видена во близина на автопатот 16.
Во 1995 година, тука исчезнала 19-годишната Лана Дерик. Таа последен пат била видена на бензинска пумпа во близина на автопатот.
Во 2002 година, Никол Хоар исчезнала во истиот регион. Таа сакала да се врати од работа до дома со автостоп.
Во 2005 година, 22-годишната Тамара Чипман никогаш не се вратила од патувањето на овој автопат. Ова се случило само 2 дена откако властите ги замолиле младите девојки да не одат автостоп таму.
Последното исчезнување се случило во мај 2011 година. 20-годишната Медисон Скот исчезнала при кампување. Полицијата дознала дека еден ден пред тоа, таа била на забава со нејзините пријатели. Откако забавата завршила таа одлучила да кампува во шаторот. Откако 2 дена не се вратила дома нејзините родители отишле до шаторот каде што го пронашле уништен, а нејзиниот автомобил бил отворен.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.