Даглас Симрок, кој се занимава со риболов со магнети веќе два месеци, ја земал со него неговата сопруга Сара, 9-годишната ќерка Хејли и 10-годишниот син Џош во близина на реката Ирвел, Салфорд, Англија.

Тие не се надевале дека наместо честите метални предмети кои ги наоѓаат во реката, овој пат ќе пронајдат нешто толку опасно. Кога се доближиле до еден мост од водата извлекле црна торба.

Даглас и неговото семејство се шокирале кога внатре пронашле оружје. Тие со нивниот двостран магнет пронашле пушка, два пиштоли и муниција. Бидејќи претходно не нашле ништо слично, тие веднаш го предале оружјето на полицијата.

Сара вели дека не сакаат да знаат од каде е оружјето ниту пак дали било користено за некое злосторство. Таа вели дека децата често му правеле друштво на Даглас, но дека таа била прв пат на ваков вид на риболов и не очекувала таков „улов“.

Сподели на Facebook
пати видено