Отстранувач на змии од Австралија одговорил на повик во неговата локална област во врска со воден питон кој влегол во тоалет. Случајот го пријавила жена откако влегла во јавниот женски тоалет и пред да седне ја забележала огромната змија.
Питонот се заглавил така што еден дел од телото му бил во ВЦ школката, а другиот дел во цевките. „Секогаш проверувајте пред да седнете.
Секоја година во сувата сезона добиваме змии во тоалетите. Како и во пералниците и бањите.“, вели отстранувачот.
Тој потенцира дека не ги убива змиите туку откако ги отстранува од пријавените места ги пушта на слобода на соодветно место.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!