Брод на духови со знаме на Индонезија, мистериозно се појавил покрај брегот на Мјанмар, откако отпловил повеќе од девет години. Јангонската полиција потврди дека товарен брод, наречен: „Сам Ратуланги ПБ 1600“, пловел 11 километри од копно во заливот Мартабан, кога бил откриен од рибарите.
Веб-страницата за следење на бродови во реално време MarineTime последен пат објавила дека локацијата на бродот од 177 метри се наоѓа на брегот на Тајван, во Јужното Кинеско Море, на 3 јуни 2009 година.
Бидејќи на бродот не бил пронајден екипаж, ниту пак вредна стока, властите веруваат дека бродот бил влечен од друг брод за да биде доставен до фабрика за кршење на бродови во Бангладеш.
Се верува дека откако екипажот наишол на лоши временски услови го напуштиле товарниот брод и го оставиле во водата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.