Ape Action, Африка е непрофитна организација која е посветена на зачувувањето на загрозените горили, шимпанзата и мајмуните, е основана во 1996 година, но нивните жители сѐ уште наоѓаат нови начини да ги изненадат овие искусни старатели.
Неодамна, Бобо, западен низински горила, кој бил спасен од организацијата во истата 1996 година, запознал нов пријател, а нивната врска е веројатно најнеобичната.
„За време на утринската проверка еден од нашите волонтери видел дека Бобо милува галаго-бебе. Малечкото не покажало страв од Бобо, се движело околу неговото тело и го поминувало времето подрипнувајќи наоколу во отворената тревна област, пред да избере повторно да се врати кај Бобо.“, вели Елиса О’Саливан, потпаролка на Ape Action.
Бобо е доминантен маж на неговата група, која вклучува 3 женки и 3 мажи. Помладите мажи Кибу и Нкамум го предизвикувале Бобо за да му ја земат неговата позиција, но никогаш не биле успешни и повеќе не се обидуваат да ја преземат контролата. Сега, сепак, јасно е дека мажјакот има нежна страна исто така.
Дури и „бандата“ на Бобо била заинтересирана за она што се случува. Пријателите од групата на Бобо беа заинтеренсирани за бебето и се надеваа дека Бобо ќе го сподели со нив, но Бобо го задржа бебето за себе“, вели Елиса.
Сè на сè, тие поминале најмалку два часа заедно пред да го врати Бобо својот нов пријател на дрво во рамките на неговиот дом, а бебето исчезнало.