Група рокери влегуваат во дискотека, а внатре трешти турбо-фолк. Еден оди кај диџеот, му дава 500 денари и му вели:
– Абе, пушти нешто рок.
Овој ги зел парите, ама продолжил со турбо-фолкот. Рокерот пак доаѓа, малку нервозен:
– Глув ли си, бе!? Пушти нешто рок!
– Следната песна, ветувам.
Пушта пак турбо-фолк песна. Рокерот бесен:
– Абе пуштај или враќај ги парите!
Диџејот свечено:
– А сега специјален поздрав за Рок и лепо друштво со оркестар “Кристали”!