На Макс Монгомери од Калифорнија, САД, многу му се допаѓала Енди Трејнор и решил да и го признае тоа. Енди му кажала дека и таа ги споделува истите симпатии и за два дена го договориле првиот состанок. Бидејќи и двајцата понекогаш сурфале, Макс предложил на првиот состанок да одат на сурфање. Сѐ одело во најдобар ред, додека откако се вратиле на плажата Енди го пронашла Макс како лежи во песокот.
Макс, кој има 56 години и работи како креатор на технолошки содржини вели дека почувствувал пецкање во градите додека сурфал, но не сфатил дека нешто навистина не е во ред, сѐ додека не се почувствувал исцрпено кога се вратил на плажата.
45-годишната Енди мислела дека Макс се шегува, но кога не можела да му го почувствува пулсот веднаш стапила во акција. Бидејќи Енди по професија е лекар не ѝ претставувало проблем да му укаже прва помош на Макс. Таа му дала „вештачко дишење“ и на тој начин „првиот бакнеж“ на првиот состанок му го спасил животот на Макс.
За седум минути пристигнала и Брзата помош и Макс бил однесен во болница. Лекарите утврдиле дека г-дин Монтгомери претрпел срцев удар и тој имал неколку блокади на неговата коронарна артерија. Еден ден по состанокот со Енди, Макс бил подложен на операција за бајпас.
Тој веднаш по операцијата ѝ се јавил на Енди за да и се извини поради стресот кој ѝ го предизвикал и ѝ рекол дека ќе ја сфати доколку повеќе нема да сака да се гледа со него. Енди тогаш почнала да плаче и му кажала дека ова не е причина за да се напушти некоја личност. Енди и Макс сега се официјално во врска.
За ситуацијата да биде уште понеобична колапсот на Монтгомери бил случајно заробен од камерата на композиторот од Лос Анџелес, Александар Бејкер, кој снимал видео од галебите на плажата.