По 12-часовен бунт на женските затвореници во Регионалниот затвор Гриноф, Австралија им биле дадени таблети „ден потоа“. Овие таблети служат за да се спречи бременоста по незаштитен секс.
Машките затвореници го пробиле патот до женскиот дел од затворот користејќи рачни инструменти за мелење. Тие почнале да ги уништуваат камерите, мебелот и сѐ што можеле за време на бунтот. Една затвореничка успеала да се јави на телевизијата Seven News од еден од телефоните во канцелариите и им кажала: „Некои од девојките се исплашени затоа што има еден куп агресивни мажи.“
Секретарот на затворот одбил да потврди дали навистина имало сексуално насилство во затворот. Тој вели: „Ако имате ситуација, немилосрдно однесување, кое трае 10 до 12 часа во затвор под обвивката на темнината каде што има и мажи и жени, мислам дека имагинацијата ќе ви каже дека многу работи можат да се случат.“
За време на бунтот, кој се смета за најголем досега во Западна Австралија избегале 10 затвореници, мажи, но за среќа полицијата успеала да ги пронајде и да ги врати сите во затворот.