Многу луѓе мислат дека во нашите животи не се случува ништо интересно, а за да доживеат позитивни емоции треба да одат во кино и да гледаат филм.
Сепак овие фотографии се доказ дека понекогаш и во животите на „обичните луѓе“ има приказни според кои вреди да се направи филм кој ќе ве преплави со емоции.
Училиштето организирало екскурзија до старечкиот дом, а оваа девојче таму си ја пронашло својата баба.
„Пред 2 недели земавме кученце. Сега започнаа предавањата на факултетот и еден мој пријател ми ја прати оваа фотографија од моето куче.“
„Јас често патував додека не бев делумно парализиран поради тумор на мојот ‘рбет. Пет години по моето закрепнување, се искачив на мојата омилена планина за да ја повторам оваа стара слика.“
Последната желба на овој татко била да ја однесе својата ќерка до олтарот на денот на нејзината венчавка. Тој починал 5 по венчавката.
„Мојот очув, заедно со мајка ми, ме израсна од 9 години, а денес официјално станав негова ќерка. Тој е прекрасна личност.“
„Денес конечно ги симнав протезите. За првпат по 28 години не се срамам од мојата насмевка.“
„Во старата штала ја најдов мојата мала клупа за вежбање. Дедо ја направи за мене пред 20 години. Не можам ни да опишам што значи тоа за мене.“
„На првата фотографија е свадбата на мојот пријател, на втората е мојата. Тој го забележал моето лице на фотографијата од неговата венчавка и решил да ми врати на ист начин.“
„Во 1976 година, мојот 18-годишен татко избегал од дома и се возел 36 часа со автобус до Тексас за да стигне на натпреварот во јавање на бикови.“
„Тетка ми најде поле од сончогледи, од кои секој беше речиси 2 пати повисок од неа. Таа е висока 175 сантиметри.“