Туристите кои се релаксирале на Бароса плажата, во Шпанија Коста де ла Луз се изненадиле кога забележале како црн чамец со многу луѓе во него се доближува до брегот.

Станувало збор за 50 емигранти кои со чамецот пристигнале од Мароко. Тие со голема брзина излегле од чамецот и се упатиле кон ридот, на кој се наоѓал еден од најлуксузните хотели во одморалиштето.

Инцидентот се случи во близина на наменски изградено станбено и туристичко место наречено Санкти Петри кое може да се пофали со продавници, ресторани и неколку хотели со четири и пет ѕвезди.

Официјалните претставници на граѓанската гарда велат дека ова утро биле пресретнати 25 од мигрантите – од кои 19 биле малолетници. Тие изјавиле дека сите се Мароканци. Портпаролот на силите изјавил дека шест возрасни лица ќе бидат однесени во центарот за задржување на возрасни мигранти пред да бидат вратени во нивната земја на потекло, како дел од договорот со Мароко.

Сподели на Facebook
пати видено