Г-ѓа Рејес-Мејиа и нејзиниот сопруг Евер избегале од насилството што се случува во Хондурас, во САД, каде што барале азил со нивните две деца. Семејството се разделило. Евер патувал со 3-годишниот син Семи и во април стигнал до границата со САД во Тексас. Мајката го сторила истото со нејзината петмесечна ќерка во мај.

Официјални лица за имиграција му кажале на Евер дека било потребно да потпише документи пред судијата за имиграција, а кога се вратил, неговиот син бил испратен во друг објект. Семи бил разделен од неговиот татко и бил сместен во згрижувачки детски објект во Гранд Рапидс, Мичиген. По 4 месеци целото семејство повторно било заедно, но Мејиа не ја добила долгоочекуваната прегратка од нејзиниот син.

„Љубов моја, јас сум твојата мајка душо.“, му вели Мејиа на нејзиниот 3-годишен син додека тој се обидува да избега од неа, како да не ја познава. Таа го прашува нејзиниот сопруг: „Евер што не е во ред со мојот син? Душто дојдов по тебе, љубов моја. Што се случи? Дојдов по тебе. Мојот син е трауматизиран Евер.“

На крајот, Семи попушти и ја прегрна својата мајка за првпат откако тој и неговиот татко го напуштија Хондурас во април 2018 година. Таткото исто така изјавил дека додека биле разделени, Семи не сакал да зборува со него кога имале право на телефонски повик.

Сподели на Facebook
пати видено