Кристел е Холанѓанка која својата приказна за 4-те години веганство и оваа споредбена фотографија ја сподели на Твитер и доби неверојатни 60.000 допаѓања. Левата слика е направена пред 2 месеци, во времето кога девојката јадела само овошје и зеленчук, а десната слика е направена на 3 недели откако почнала да јаде квалитетна животинска храна.
Според нејзините зборови: „Кожата ми се подобри, лицето не ми е толку подуенo. Но најдобро од сѐ е што повеќе не се чувствувам како да умирам.“