Танзанија е крајно сиромашна земја во источна Африка. Иако има неколкумина богати, мнозинството Танзанијци мораат да работат на повеќе работни места за едвај да можат да ги прехранат нивните семејства. Поради тоа многумина се свртуваат кон криминалот како начин за заработка. Најужасната од овие очајни мерки е сакатењето на луѓето албино, за потоа да ги продадат нивните екстремитети на врачовите кои богато плаќаат за тоа. Неодамна се проширија гласини дека и политичарите и богатите се вклучени во оваа грозоморна трговија.
Танзанијците на албината гледаат како на проколнати суштества. Во минатото семејствата биле терани да ги убијат нивните деца албино најбрзо што можат.
Албинизмот е наследна здравствена состојба која предизвикува отсуство на пигмент во кожата, косата и очите. Експертите велат дека ова нарушување се должи на оплодувањето помеѓу крвни сродници.
Во Танзанија на 1400 жители 1 е албино. Во останатиот дел од светот соодносот е 1 на 20.000.
Врачовите веруваат дека ако во магичните напивки употребат телесен дел од албино, тоа ќе им донесе моќ и успех. Рударите ги закопуваат екстремитетите надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа во пронаоѓањето злато.
Албино децата се чести жртви, бидејќи е лесно да се совладаат. Покрај тоа, врачовите веруваат дека нивната детска невиност ја зголемува вредноста на екстремитетите.
И не се запира само на екстремитетите. На црниот пазар со човечки органи во Танзанија се продаваат гениталии, делови од кожа, уши, јазици, очи, а понекогаш и цели глави на албина.
Рибарите чество вплетуваат женска коса од албино во нивните мрежи со надеж дека ќе имаат подобар улов.
Врачовите веруваат дека колку погласно врескаат албината за време на ампутацијата, толку поефикасна ќе биде магичната напивка.
Понекогаш самите родители ги сакатат нивните деца за пари.
Експертите културолози предвидуваат дека за време на следните избори побарувачката на телесни делови од албина ќе порасне, бидејќи политичарите бараат услуги од врачови за да им донесат добри резултати.
Просто е неверојатно до каква суровост може да доведе необразованоста, неразвиеноста, сиромаштијата и глупото суеверие, и тоа денес, во 21. век.