Њујорк можеби го избегна големото невреме кое се предвидуваше, но нештата излегоа сосема поинаку за Нова Англија, која беше погодена со големи снежни наноси кои затрупаа автомобили и домови, а исто така причинија штета и на крајбрежјето.
Во Њујорк имаше доволно снег како за идиличен зимски ден со многу забава.
Но, во Нова Англија не беше баш забавно.
Автомобилите, јавниот превоз и куќите беа затрупани со снег.
Веднаш беше изречена забрана за патување, но многумина ја игнорираа.
Пред сѐ бидејќи персоналот на службите за итни случаи и превозниците не добија слободен ден.
Неколку жители на Масачусетс најдоа време да ги ископаат нивните автомобили од снегот, но многумина не се осмелија да излезат надвор.
Обидите да ги откопаат беа бргу поништени од новите снежни врнежи…
…закопувајќи ги сѐ подлабоко.
Центарот на Бостон се претвори во закопан, непрепознатлив град на духови.
Целиот јавен превоз беше вон употреба во текот на целиот ден…
…освен, се разбира, работниците од службите за итни случаи…
…кои напорно работат за сѐ да се исчисти до следното утро.
Или барем колку да се овозможи непречено движење.
Работата е во тоа што сѐ уште е многу студено, така што снегот ќе стои уште долго време.
На крајбрежјето на Масачусестс луѓето мораа да се соочат со надојдените води.
Заедно со студот дојде и зголемената плима…
…претворајќи ги автомобилите во неупотребливи ледени скулптури.
Срушените заштитни ѕидови…
…и голема поплава.
Толку голема, што многу градови во Масачусетс мораа да се евакуираат.
Жителите на Бостон преку социјалните мрежи известуваат за непогодата.
Известувања и од соседните градови и рурални области
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!