24-годишниот талентиран виолинист Вуили Артеага заработува за живот разубавувајќи им го денот на случајните минувачи на Тајмс Сквер, најпознатиот плоштад во Њујорк. Виолинистот порано бил дури и бездомник, но откако се преселил во Њујорк и свири на оваа локација, работата добро му оди.