Во милионскиот кинески град Нанџинг, полицијата спречила криминална активност на измамници, кои за да им ги соберат парите на лековерните граѓани отвориле цела банка. Банката била со сите нишани, со благајни, убав натпис и звучно име, дури имала и добро обезбедување, се со цел никој да ги намамат клиентите со поволните каматни стапки на депозитите.
Банката работела неколку месеци, а каматата која ја нуделе била 2% неделно, односно над 100% на годишно ниво. Така успеале да соберат повеќе од 32 милиони американски долари.
Аферата ја открил еден богат клиент кој на својата сметка вложил дури 1,9 милиони долари. Кога после некое време сакал да си ги подигне парите и каматите и не успеал во тоа, пријавил во полиција.