Пар од Новоросијск, Русија, Надежда Апапкина и Михаил Алавердјан купиле гумен чамец и одлучиле да одат на риболов врз него во близина на селото Мсхако. Во еден момент тие завршиле на отворено море.

Парот пет дена останал на море без храна и вода, а шестиот ден успеале да се спасат благодарение на еден човек.

За среќа во нивна близина поминувал брод и капетанот по име Христос ги забележал и ги спасил. „Во еден момент во борбата против брановите, го изгубивме првото весло. Бродот постојано беше преплавен со интензивирани бранови. Спиевме на смени за да вадиме вода од чамецот.“, се потсетува Надежда.

Таа признава дека се плашеле од бура на хоризонтот, се плашеле делфините да не им го превртат чамецот и се плашеле дека некој од нив нема да се разбуди наредниот ден.

Надежда и Михаил на четвртиот ден почнале да пијат морска вода бидејќи повеќе не можеле да издржат. Парот бил спасен од млад капетан, на бродот „Крити Рок“, Христос Константинидис.

Екипажот на бродот бил составен од луѓе од различни земји (Филипинци, Руси, Грци, Романци) и Надежда вели дека сите се однесувале со нив со големо внимание и им помогнале да се вратат во живот. Таа вели дека се спријателиле со луѓето и ги поканиле да им бидат гости кога ќе им заврши сезоната.

Сподели на Facebook
пати видено