Градоначалникот на рускиот град Рубцовск со 150.000 жители, Дмитриј Фелдман, со својот автомобил се враќал од службено патување, кога на автопатот го удрил гром и настрадало огледалото и левото крило на автомобил. Според Фелдман, веднаш потоа стаклото на врата спонтано паднало, а моторот престанал да работи.

Ниту возачот, ниту градоначалникот не се повредени, а локалните жители почнаа да се шегуваат на интернет дека со ова само му испратиле предупредување преку повисоките сили.

Сподели на Facebook
пати видено