Мишел е негувателка за стари лица и кога е вратила од ноќната смена го пронашла нејзиниот свршеник онесвестен на подот. Таа веднаш повикала брза помош и Скот бил однесен во болница. Во изминатиот месец Скот чувствувал болки во стомакот и му бил препишан лек за лекување на чир на желудникот.
Сепак, ендоскопијата ги предупредила неговите лекари за фактот дека проблемот е многу посериозен. „Тој рече дека Скот има рак на хранопроводот во 4-та фаза и затоа што го забележале премногу доцна, веќе се проширил на црниот дроб и го уништил и повеќе не можеле ништо да направат. Ги прашав уште колку му останува и очекував да кажат неколку месеци, но тие ми кажаа недели, или пак можеби и денови. Тие рекоа дека не можат ништо да сторат, нема хемотерапија или нешто, само палијативна нега. Ова беше катастрофално.“, 32-годишната вели Мишел.
Мишел и 41-годишниот Скот се запознале на онлајн сајт за запознавање и се допишувале неколку недели пред да се сретнат. По одреден преиод Скот, кој работел како електричар, се преселил кај Мишел и тие биле во врска вкупно 2 години.
Скор ја запросил Мишел пред неколку месеци и решиле да ја направат свадбата на крајот на август. Но, по дијагнозата на Скот, ја префрлиле на 15-ти. Мишел заедно со пријателите на Скот за 20 часа ги подготвите потребните работи за церемонијата. Додека траела венчавката Скот постојано ѝ велел дека ја сака и дека многу му е жал.
13 часа по нивната венчавка, за жал Скот починал, а покрај него била неговата сопруга и неговата мајка. Мишел која е самохрана мајка, собирала донации за да може достоинствено да го погреба Скот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!