На видеото може да се види како бебе, кое едвај може да стои управува со автомобил на отворен пат во градот Јинхуа, Кина. Бебето стои во скутот на неговиот татко, а додека неговата мајка го снима. Во еден момент детето ја крева десната рака од воланот, а таткото му вели „Забрзај!“.

Мајката го објавила видеото на социјалните мрежи за да ги покаже „способностите на нејзиното бебе“, а откако видеото станало мета на многу критики стигнало и до полицијата кои велат дека започнале истрага.

Сподели на Facebook
пати видено