Сите сакаат бонбони и слатки. Но некои производители наместо да целат кон сечиј заб, пласирале производи со… па, невообичаен дизајн, во најмала рака. Кој воопшто помислил дека ова би било добра идеја? И кој воопшто ги јаде?!
1. Кремирани останки
Цевка со црн шеќер звучи доволно грозно, но зошто да не отидете и уште подалеку и да си замислите дека јадете нечии телесни останки?
2. Спермчиња – слатки кои обожавате да ги голтате
Што воопшто да се каже за ова?
3. Поларни гомца
Не само што треба да се претварате дека јадете измет, туку после ви останува и една пластична бела мечка со посран задник.
4. Тоалетно лижавче
Некој генијалец се сетил дека е добра идеја да се охрабруваат децата да ги потопуваат лижавчињата во тоалетната шолја и потоа да ги лижат.
5. Рентгенска риба
Ако обичните риби ви се премногу нормални, можете да си замислите дека јадете рибина утроба и коски.
6. Бонбони со вкус на лосос
Уште една генијална идеја
7. Бонбончиња мозолчиња
Звучи вкусно, нели?
8. Слатки дојки
Е кој друг ако не браќата Јапонци!
9. Ќофте гума за џвакање
Ништо не ви го освежува здивот како едно ќофте.
10. Сладок отпад
Ова веројатно има помала хранлива вредност од вистинско ѓубре.
11. Крек бонбони
Се работи за чоколадирани зрна кафе, што си е во ред. Но, името…
12. Мрсули
Колку треба да сте мрднати за да уживате во ваквата замисла и да купите вакво нешто на децата?
13. Цигари
На времето беа многу популарни, но барем овој бренд е чесен и ја истакнува штетноста на пушењето.
14. Помфрит од прсти
Слатки во вид на исечени прсти е лоша замисла. Сладок помфрит исто така. Но ете, некој се сетил и да ги искомбинира овие две грозотии во едно.