20-годишно момче од Мелбурн е еден од победниците на вчерашното Powerball извлекување од 100 милиони долари.
Неговиот онлајн тикет бил еден од двата добитни и тој освоил 50 милиони долари, додека другиот победник кој го купил билетот во јужниот дел на Сиднеј допрва треба да се пријави во националната лотарија.
Кога им се обратил на официјалните лица доцна утрово за да ја потврди својата огромна награда, младиот човек, кој сакал да остане анонимен, признал дека знаел дека станал мултимилионер кога го проверил неговиот тикет синоќа пред да си легне.
„Се обидувам да останам смирен колку што е можно! Јас само го купив овој тикет минатата ноќ во апликацијата OzLotteries пред да се затвори извлекувањето.“, вели добитникот.
Тој додал дека ќе ја „направи вистинската работа“ со добивката која го „менува живот“. Тој изјавил: „Ќе се грижам за целото мое семејство, ќе вложувам пари во недвижности и акции. Тоа ќе направи огромна разлика за многу луѓе.“
Во меѓувреме, во Сиднеј победникот сѐ уште може да биде целосно несвесен за својата среќа.