Џордан Дикерсон, педијатриска медицинска сестра во детската болница Ле Бонхеур во Мемфис, се запознала со 4-годишниот Џеремаја во јануари 2017 година, кога добил лекарска помош во текот на своето лекување со трахеостомска цевка.
Таа веднаш го засакала момчето кое било сирак.
Неколку месеци подоцна Џордан и нејзиниот сопруг Кол пчнале да собираат документи надевајќи се дека ќе успеат да го донесат Џеремаја во нивниот дом. Во јуни 2017 година момчето почнало да живее со семејството, а овицијално бил усвоен овој месец.
Освен што Џеремаја бил пресреќен што конечно добил дом и смејство, момчето бликало од радост кога му кажале дека ќе добие сестричка. На фотографијата пред судницата тој позира со ултразвук од бебето и знак на кој пишува „Денес станав Дикерсон, наредно…постар брат.“
Џордан вели дека малиот Џеремаја уште од април ги молел да му подарат сестричка и сега кога неговата желба се исполнила тој „полудел од радост“.