2-годишнит Рапи Ананда Памунгкас, од Сукабуми, Индонезија, почнал да собира отпушоци пред тезгата на неговата мајка, кои што постарите момчиња му ги палеле. Но, по неколку дена детето станало зависно и почнало да бара цигари од минувачите.
Но, наместо да се запрепастат од барањата на момчето луѓето и неговите родители се смееле додека момчето пушело цигара по цигара. Малиот Рапи сега пуши по 2 кутии цигари, односно околу 40 цигари дневно. Неговата мајка се смее на видеото додека нејзиниот 2-годишен син пуши цигари.
35-годишната мајка на Рапи, Марјати вели дека „мора“ да му купува по 2 кутии цигари дневно за да не „беснее“. Детето почнало да станува „агресивно“ и да плаче кога не му даваат „мероко“(локален израз за цигари).
Неговата мајка вели: „ Моето дете сака да пуши цигари додека пие кафе или јаде торта. Пуши секој ден околу два месеца. Ако не му дадам цигара, моето дете ќе почне да беснее. Ако Рапи не добие цигари, не може да спие. Тој ќе почне да беснее и да плаче.Скапо е затоа што му ги купуваме. Тој сака да го прави тоа цел ден. Секој ден може да пуши околу 40.“
Таткото на Рапи, Мисхахудин, кој исто така е пушач вели дека не знае како неговото дете станало толку голем зависник. Тој додава: „Не можам да му кажам не кога ќе побара цигара. Јас дури и не пушам толку често. Пушам само на работа. Кога пуши мојот син сака да испие чаша мокачино.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!