Сите словенски народи во својата историја имаат морбидни и морничави традиции и обичаи, кои не можеме да ги негираме. Затоа ваквите туристички дестинации не се изненадување за нас и би ги посетиле со позитивен став, но туристите од западните земји би можеле да имаат вистински кошмари.
1. Напуштен советски циркус, Молдавија
Останаа неколку урнатини откако комунистите оставија свој белег во Молдавија. Овој циркус, наречен Кишинев бил напуштен поради реновирање и повеќе од 10 години стои празен. И покрај тоа што не е целосно распаднат, сепак е морничав призор, бидејќи само неколку сончеви зраци успеваат да влезат во темната сала.
2. Подводен советски музеј, Кејп Тарханкут, Крим
Под Кримската област, под брановите, постои фасцинантно и неверојатно морничав нешто што може да се види. Неколку метри под површината на водата можете да видите околу 50 статуи на водачи од комунизмот. Бидејќи се закопани ккао столбови во песокот, само горниот дел им е видлив и тие се причината поради која местото се нарекува „Советска Атлантида“. Оба била идејата на нуркачот Владимир Бурменски, кој почнал да додава статуи уште од 1992 година.
3. Ѓаволски глави, Република Чешка
Ако некогаш ја посетите Чешка, обидете се да го посетите селото Зелизу. Како што ќе шетате низ неговите патеки, ќе видите доста страшна работа. Две гигантски пеколни глави на карпа ќе бидат пред вас, опкружени со магични шумски дрвја. Тие се ремек-дело на скулптор Вацлав Леви и се изложени уште од 1850-тите. Колку се големи? Приближно 4 пати поголеми од просечен човек. Камењата во близина се доста слични на овие „глави“ со слични резби.
4. Црква на деветте духови, Република Чешка
Друго морничаво место во чешката област, и да тоа е црква – како што може да погодите, напуштена. Таа е меланхолична, морничава, речиси како од хорор филм. Црквата е посветена на Св. Ѓорѓи и е во Лукова. Во внатрешноста глетката е магична; олтари, фигури кои тагуваат и се покриени со бел материјал, слични на духови. Нивните глави се наведнати надолу како да се поклонуваат и изгледаат како да жалат или слушаат нешто што другите не го слушаат.
5. Водњански мумии, Водњан, Хрватска
Кога се споменуваат мумии, ние веднаш ги поврзуваме со Египет. Но, овие се наоѓаат во Хрватска, вкупно 6 тела, или 6 Светители. Тие се во црквата Св.Власиј и она што ги прави толку страшни и уникатни, е тоа што тие никогаш не се распаднале, туку се вкочанети. Тука годишно се собираат повеќе од 15.000 верници. Освен мумиите, црквата исто така има околу 370 мошти кои им припаѓале на многу светци.
6. Седлец костурница, Кутна Гора, Република Чешка
Очигледно, ние не сме завршиле со морничави места во чешкиот регион. Тие навистина имаат страшни места, како што е ова. Ова место се нарекува „Црква на коските“ и е прекрасно украсена со 40.000 скелети на луѓе. Надвор, изгледа сосема „нормално“ и не толку страшно, но внатрешноста е сѐ, само обична не. Готичката аура ги смирува оние што се изненадени од страшните глетки. Приказната зад ова е дека во минатото, еден игумен на манастирот Седлец имал тегла со „света земја“ и ја расфрлал на гробиштата таму, така што секој сакал да биде погребан на ова место – оттука и бројот на скелети.
7. Музеј на историјата на медицината, Варна, Бугарија
Ова место можеби не е преплавено со черепи или мумии, но има некаква морничава енергија бидејќи ќе ги видите медицинските помагала од далечното минато, кои биле употребувани под сомнителни околности. Кога ќе го споредите тоа со алатки на современата медицина, може да биде малку морбидно. Има и стоматолошки алатки и да, неколку черепи кои биле користени за вежби (или ритуали, како што некои тврдат!).
8. Мавзолеј на Ленин, Москва, Русија
Се наоѓа во центарот на Црвениот плоштад, на ова место се наоѓа гробот на лидерот од советската ера, Владимир Ленин. Верувале или не, неговото тело било зачувано и е прикажувано на јавноста уште од 1924 година (со некои повремени промени поради воените времиња).
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.