Дали некогаш сте сакале да го вкусите животот во древна цивилизација? Најстарата книга со рецепти за готвење која некогаш била пронајдена била направена некаде околу 1600 п.н.е. во древниот град Вавилон. Тоа е збир на распукани плочи, на кои стојат инструкции за подготвување на различни јадења.
Античкото готвење, како античката историја, не е точна наука. Имаме делови што ги знаеме со сигурност, и широк спектар на зборови кои треба да ги пополниме со нашите најдобри претпоставки. Постојат одредени предизвици во пресоздавањето на рецептот кој е стар 3,600 години.
На пример, земете го зборот „Suhutinnu“. Тој се појавува во речиси секој вавилонски рецепт, но не сме сосема сигурни дека знаеме што значи тоа. Ние знаеме дека тоа е „коренест зеленчук“ и дека обично се служи свеж, но дали тоа е репка или морков или нешто друго е претпоставка.
Ви претставуваме 3 рецепти од древниот Вавилон, како што биле напишани на старите плочки, а денес се преведени и подготвувани од некои готвачи. Меѓутоа, ќе оставиме на вас да експериментирате со пропорциите и времето за готвење. Никој не знае со сигурност како тоа го правеле Вавилонците.
Вавилонско јагнешко со сладок корен и смрекинки
„Бут од овца, но не се користи друго месо. Подгответе вода, додадете месо, додадете див сладок корен по желба, додадете смрекинки, кромид, гриз, ким, коријандер, праз и лук со кизиму(кисело млеко или павлака). Спремно е за служење.“
Замзагану
„Извадете повеќе парчиња месо и ставете во котел да се зготват. Исчистете неколку урми и додадете ги во котелот. Пред да го извадите котелот од огнот измешајте пире од праз и лук и соодветниот износ на свежа репка.“
Зуканда
„Се користи месо. Подгответе вода, додадете масти, копар, репка/морков, коријандер, праз и лук, врзани со крв, соодветен износ на кизиму(кисело млеко или павлака) и уште малку лук.“