Некогаш светот бил полн со неверојатни суштества. Пред илјадници години огромни и апсолутно необични за нас животни владееле со нашата планета.
Често читаме и слушаме за диносаурусите, кои живееле тука пред милиони години, но всушност имало многу поголема разновидност на чудни животни.
Livyatan melvillei – Кит кој се хранел со другите китови
Пред околу 12 милиони години во близина на брегот на Перу живееле китови од видот Livyatan melvillei. Достигнувал големина од околу 18 метри во должина. Овој кит имал огромни, масивни, остри заби кои тој ги користел за да се храни со други китови. Неговите заби биле околу три пати поголеми од оние на денешните китови – околу 0.3 m долги и 10 сантиметри широки.
Парацератеријум- роднини на носорози, 5 пати потешки од слоновите
Тие се веројатно најголемите цицачи кои некогаш живееле на Земјата (постои теорија дека азискиот слон Palaeoloxodon namadicus можеби е поголем, но ова не е официјално прифатено). Тие биле големи носорози, високи околу 8 метри.
Лебед Фалконери – големиот лебед кој живеел со мали слонови
На островската држава Малта можат да бидат забележани неверојатни претставници на животинскиот свет. Пред стотици илјади години на местото на денешна Малта живееле ситни слонови заедно со џиновски лебеди. Лебедите Cygnus falconeri биле навистина огромни. Нивните крилја се протегале на 3 метри. Тие биле толку големи што не можеле да се задржуваат во воздухот.
Platybelodon – слон со голема уста и заби
Овие древни слонови имале големи заби. Нивната уста изгледала како лопата, и на тој начин тие ја користеле – долната вилица им била долга и ја користеле за да копаат во почвата во потрага по нешто корисно.
Хетероморф Амонитис – мекотели со необични, заоблени школки
Денес сме навикнати да гледаме мазни школки на мекотели и го прифативме ова како совршено нормална форма. Но, пред милиони години за време на геолошкиот период креда, школките не биле толку совршени како денешните. Замислете закривена школка од мекотел, која нема мазна површина, туку мали рогови.
Гарганорнис- Големата гуска што ги користела крилјата за да се бори со нив
Во древна Италија, некогаш живеела птицата Гарганорнис. И ако некогаш сте биле бркани од гуска, можете да замислите зошто од тоа животно вреди да се плашиме. Garganornis ballmanni тежеле околу 25 килограми и имале масивни и тешки крила кои ги користеле за удирање на други животни, наместо за летање.
Хоплитомерух- Елен со 5 рогови
Ова животно може да се вклопи во некоја приказна од митологијата, бидејќи е елен со 5 рогови. Неговото тело не се разликувало од модерниот елен – тој бил малку поголем и имал подолги нозе. Освен двата рога што ги имаат денешните елени, Хоплитомерух имал неколку помали над очите и уште еден во средината.
Leedsichthys – рибата поголема од училишен автобус
Ова е најголемата риба што некогаш постоела. Научниците не се сигурни колку била голема, бидејќи не се пронајдени сите нејзини делови, така што можеме само да претпоставуваме. Сепак, сè што е познато за неа е дека била долга околу 17 метри – повеќе од училишен автобус. Некои похрабри научници дури тврдат дека Leedsichthys била поголема од синиот кит.
Арсиноитери – носорози со димензии на слонови и со два пара рогови
Арсиноитерите веројатно биле извонредни животни, особено во живо. Изгледале како денешниот носорог, но имале два рога, околу еден метар долги и околу 0,3 метри широки. И да се надополни сето ова, тие имале уште еден пар на рогови кои биле значително помали. Овие животни повеќе се поврзани со слоновите од носорозите, бидејќи биле високи околу 2 метри. Тие главно биле тревопасни животни, но тие можеле да се одбранат доста добро од предатори.
Тилаколео – цицач со најсилна вилица
Несомнено, едно од најстрашните животни во праисторискиот свет е Тилаколео, цицачот со најсилна вилица. Овие животни биле половина од големината на африканскиот лав, но нивната вилица била многу посилна од онаа на лавовите. Секој сантиметар од черепот на ова животно бил создаден за сила и моќ, но тоа имало мал мозок. Животното имало остри шепи и можело да се качува по дрвја.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.