Според американските научници, идеалната разлика во возраста меѓу брачните партнери треба да биде 1 година, во овој случај ризикот за развод е многу низок – околу 3%. Ако разликата е повеќе од 5 години, тогаш ризикот за развод е 18%, а ако е над 20 години, тогаш овој индикатор се зголемува на 95%. Сепак оваа аксиома ја побиваат повеќе познати ѕвезди кои имаат партнери многу постари или помлади од себе.
1. Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс
Разликата во возраста: 25 години.
Заедно од 1998 година (20 години).
Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс слават еден роденден за двајца, бидејќи се родени на 25 септември, со разлика од 25 години. Нивниот брак бил подложен на повеќе тестови: ракот на Мајкл, лечењето во психијатарска болница на Кетрин, па дури и обидот за развод.
2. Селин Дион и Рене Анжелил
Разликата во возраста: 26 години.
Заедно од 1988 година
Тие имале среќен брак 22 години и можеби нивната љубов би траела подолго доколку Рене не почина во 2016 година.
3. Пирс Броснан и Кили Шеј Смит
Разликата во возраста: 10 години.
Заедно од 1993 година (25 години).
Со неговата сегашна сопруга Пирс се запознал во 1993 година, кога имал 40 години, а таа 30 години. Тие имаат две деца – Дилан Томас (роден во 1997) и Париз Бекет (род. во 2001 година).
4. Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин
Разликата во возраста: 22 години.
Заедно од 1988 година (30 години).
Силвестер Сталоне и моделот Џенифер Флавин се запознале во 1988 година за време на снимањето на филмот „Роки-5“. Тие имаат три ќерки Софија (родена во 1996), Систин (родена во 1998) и Скарлет (родена во 2002 година).
5. Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер
Разликата во возраста: 19 години.
Заедно од 2000 година (18 години).
Кога се венчале Кевин имал 49 години, а таа имала 30 години. Денес тие имаат три деца.
6. Харисон Форд и Калиста Флокхарт
Разликата во возраста: 22 години.
Заедно од 2002 година (16 години).
Тие се запознале во 2002 година на церемонијата на доделувањето на Златен глобус. Потоа, на прославата, Калиста случајно истурила вино на ракавот на Харисон, а 60-годишниот актер не ја пропушти можноста да ја праша за нејзиното име и по неколку часа ја поканил на состанок.
7. Олег Табаков и Марина Зудина
Разликата во возраста: 30 години.
Заедно од 1985 година.
Нивната љубовна приказна завршила на 12 март 2018 година, кога Олег починал.
8. Хју Џекман и Дебора-Ли Фурнес
Разликата во возраста: 13 години.
Заедно од 1995 година (23 години).
Хју Џекман и Дебора се запознале за време на снимање на мини серија, каде што таа глумела психолог, а тој затвореник. Тогаш Хју имал 27 години, а Дебора 40.
9. Ворен Бити и Анет Бенинг
Разликата во возраста: 21 година.
Заедно од 1990 година (28 години).
Тие официјално се венчале во 1992 година и имаат четири деца.
10. Доналд и Меланија Трамп
Разликата во возраста: 24 години.
Заедно од 1998 година (20 години).
Тогаш медиумскиот магнат Доналд Трамп и моделот од Словенија, Меланија Кнаус се запознале на една забава во Њујорк во 1998 година, кога тој имал 52 години и таа имала 28 години.
11. Бијонсе и Џеј-Зи
Разликата во возраста: 12 години.
Заедно од 2002 година (16 години).
Според некои извештаи, Бијонсе и Џеј-Зи започнале да се гледаат во 2002 година, додека работеле на заедничкото видео 03 Бонни и Клајд. Тогаш, тој имал 33 години, а таа имала 21 година.
12. Андреј Кончаловски и Јулија Висоцкаја
Разликата во возраста: 36 години.
Заедно од 1996 година (22 години).
Запознавањето на Андреј Кончаловски и Јулија Висоцкаја се случило во Сочи во 1996 година. Дотогаш 59-годишниот актер имал четири неуспешни бракови, а 23-годишната актерка еден. Во 2013 година, семејството доживеало ужасна несреќа, поради што нивната ќерка, која добила повреда на главата, веќе 4 години е во кома. Сепак, тие не губат надеж за закрепнувањето на Марија и меѓусебно се поддржуваат во оваа тешка ситуација.