Зак Едвардс само што се венчал со Синди и тие позирале на плажата за свадбената фотосесија. Никој од нив не се надевал дека овој момент ќе биде прекинат од крик за помош.
“7-годишниот Зак, кој е подофицер во крајбрежната стража и 32-годишната Синди слушнале како жена вреска бидејќи забележала тинејџер кој се давел во морето. Зак вели дека тогаш неговата сопруга му кажала дека мора да оди да го спаси момчето, додавајќи: „Мора да ја слушаш твојата сопруга инаку си во неволја.“
Младоженецот скокнал во водата и успеал да го спаси младото момче. 18-годишниот Џамал Робинсон се забавувал на плажата со неговите пријатели кога силните струи го однеле далеку од брегот. Зак успеал да му ја одржи главата над вода и во тој момент пристигнале спасувачите, кои во исто време спасувале друга личност на истата плажа.
Иако тој ден имало „црвено знаме“ на плажата момчето и неговите пријатели го игнорирале предупредувањето. Откако го направил неверојатното спасување Зак и Синди се упатиле кон ресторанот каде што се одржала нивната свадбена веселба.
Гостите биле шокирани кога го виделе Зак накиснат до кожа, а на венчаницата на Синди имало многу песок.
Но, кога младенците ја објасниле својата причина добиле голем аплауз од гостите и од свештеникот, кој ги венчал. Младоженецот немал со себе резервна облека, па остатокот од веселбата го поминал во шорцеви, но тој вели тоа тоа не му претставувало проблем, затоа што бил доволно среќен што спасил живот на неговиот посебен ден.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.