Природата не е статична, таа постојано се менува. Мислиме дека сѐ е одамна откриено, но благодарение на вулканите во светот се појавуваат нови острови. И луѓето самите ѝ помагаат на природата од време на време и градат острови со свои раце – точно, ова не секогаш е во корист на нашата планета.
1. Венецијански Острови, Флорида
Венецијанските острови се синџир од 7 вештачки острови во протокот на Бискејн меѓу Мајами и Мајами Бич, кој почнал да се гради во 1920-тите.
2. Суртсеј, Исланд
Во 1963 година, како резултат на вулканска ерупција во јужниот дел на Исланд, се родил островот Суртсеј. На островот има флора и фауна, но само научниците можат да дојдат тука, а обичните туристи можат само да му се восхитуваат од брод.
3. Нафтени острови THUMS, САД
Овие острови биле изградени во 1965 година во теснецот Сан Педро, Калифорнија, со цел да ги поврзат со нафтеното поле Вилмингтон. Овие 4 острови биле дизајнирани да ги скријат нафтените платформи од очите на јавноста и да ја намалат индустриската бучава.
4. Нишиношима, Јапонија
Остров Нишиношима бил формиран во 1974 година како резултат на ерупција на подводен вулкан, но станал познат дури по ерупцијата од 2013 година, кога неговата површина значително се зголемила.
5. Тилафуши островот на ѓубрето, Малдиви
Не е секое место на Малдивите рај на Земјата. Овој остров е созаден во 1992 година специјално за складирање на ѓубрето: така властите на Малдиви се обиделе да го решат проблемот со рециклирањето, но Тилафуши станал една огромна депонија.
6. Пеберхолм, Данска
Вештачкиот остров Пеберхолм го поврзува Ересундскиот мост, кој се протега меѓу Данска и Шведска, со тунелот Дрогден, кој доаѓа од данската територија. Островот е изграден во периодот 1995-1999 заедно со тунелот.
7. Палма островите, Дубаи
Овој архипелаг, изграден во 2001-2015 година, се состои од 3 острови, кои формираат палма.
8. Фламинго-островот, Камферс-Дам, Јужна Африка
Ова е главната резиденција на јужноафриканското фламинго, кое се наведено како загрозен вид. Овој вештачки остров во форма на буквата „S“ е изграден во 2006 година во Кимберли, посебно за фламингата, каде што денес се гнездат во огромен број.
9. Островот Хунга Тонга-Хунга Хапај, Тонга
Областа во која е формиран островот се наоѓа во зоната на Пацифичкиот вулкански прстен од Полинезија, каде што постојано се случуваат земјотреси и вулкански ерупции. Во 2009 година бил формиран овој мал остров е екратер на еден од 36 подводни вулкани во областа.
10. Остров Залзала, Пакистан
Во 2013 година, како резултат на земјотресот во Арапското Море, бил формиран нов остров. Геолозите веруваат дека островот ќе исчезне ако има повторно силен земјотрес.
11. Островот Јаја, Лаптевско море, Русија
Островот бил откриен во 2013 година и сѐ уште не е ставен на мапата. Постојат неколку хипотези за неговото потекло, од кои едната е дека Јаја е ладен вулкан.