Повеќе деца се пожалиле на нивните родители дека воспитувачката „им удира шлаканици и ги гази“ во нивната градинка во Хефеи, провинцијата Анхуи. Родителите почнале да бараат начин за да се докаже случајот и на снимките од безбедносната камера, можело да се види нечовечното однесување на воспитувачката кон децата.

Таа најчесто ги малтретирала кога било време за спиење и им удирала шлаканици и клоци на децата кои не сакале да спијат. Г-дин Биан, родител на едно од децата, изјавил дека неговата ќерка му се пожалила дека воспитувачката ја удрила по лицето, само една недела откако тргнала во градинката. Друг родител исто така изјавил дека детето објаснило како жената го згазнала по лицето кога не можело да заспие.

Биан вели: „Воспитувачката носи чевли во моментот и ги гази децата со чевли. Неверојатно е како може толку насилно да се однесува со децата.“ Тој исто така изјавил дека школувањето во градинката чини 5.000 јуани(скоро 600 евра) месечно и тоа се смета за екстравагантна такса меѓу предучилишните установи.

Воспитувачката, која е идентификувана само според нејзиното презиме, Хуан е суспендирана и моментално е под истрага на локалната полиција. Од градинката им се извиниле на родителите и децата. Хуан работела во градинката повеќе од една година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено