Мекензи Алексис Ноланд од Тексас вклучила еден необичен пријател во нејзината фотосесија за дипломската. 21-годишната девојка е дипломиран инженер за животна средина и не се плаши да ја искаже нејзината љубов кон дивите животни. Доказ за тоа е и нејзиниот „најдобар пријател“.

Таа минатата година била на пракса „Gator Country“, забавен парк со алигатори во Тексас и таму го запознала Биг Тек. Биг Тек е алигатор долг 4 метри. Кога ја прашале зошто одлучила да го вклучи алигаторот во нејзините фотографии таа одговорила: „Тој е еден од моите најдобри пријатели.“

„Му требаа неколку недели за да му се допаднам. Тоа е истиот однос кој би го имале со вашето куче доколку добро се однесувате кон него.“, вели Алексис, која објаснува дека сака да го „скокотка“ алигаторот за носот и да го бакнува.

Ова пријателство е прилично необично со оглед на тоа што Биг Тек се смета за „најголемиот алигатор во заробеништво во државата“ според паркот.

Алигаторот бил фатен во Националниот парк за одгледување на диви животни во 2016 година и бил донесен во „Gator Country“, затоа што станал „премногу пријателски расположен“. Биг тек го изгубил стравот кон луѓето, бидејќи често го хранеле.

Алексис се надева дека ќе добие работа во зоолошката градина во Далас, но тврди дека сепак ќе доаѓа да го посетува Биг Тек.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено