Нов Јужен Велс прогласи 100% погоденост од сушата. Не се очекува да им стане полесно на фармерите или на другите животни што во моментов страдаат преку прекумерените високи температури.
Екстремните температури веќе беа забележани во Нов Јужен Велс и југоисточниот Квинсленд оваа зима, што водеше кон загриженост за „жешко и смртоносно“ лето.
Фармерите се принудени да патуваат по најмалку 70 километри на ден за да донесат вода за животните и да ги одржат во живот. Исто така постои огромен недостаток на храна. Владата на Нов Јужен Велс најавила дека ќе испрати пакет за итна помош од околу 500 милиони американски долари.
На видеото, снимено со дрон, можат да се видат стотици говеда како се обидуваат да дојдат до голтка вода од камионот со вода кој секој ден им го носи сопственичката Амбер Ли. Таа вели дека нејзините 1300 крави нема да преживеат доколку таа редовно не патува и не им носи вода.
„Точките за наводнување или распределените корита станаа премногу ниски… мелниците престанаа да пумпаат. Немаме резерви…ние често треба да возиме 50 до 70 километри во еден правец за да донесеме вода за нив.“, вели Амбер.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!