Запознајте го Џоџо, Корги од Калифорнија со импресивни вештини. Неодоливото куче стана сензација на интернет откако го покажа својот талент, кој воедно му служи и како терапија за скоро фаталниот напад од страна на други кучиња пред четири години.

Во 2014 година Џоџо и неговата сопственичка Џосефин биле нападнати од две агресивни кучиња додека се шетале во паркот. Кучињата ја повредиле раката на Џосефин и му нанеле тешки повреди на Џоџо, по што Џосефин и Рајан морале да ги потрошат скоро сите заштедени пари за да го спасат.

Тие слушнале дека сурфањето може да биде еден вид на терапија, но не очекувале дека на Џоџо толку многу ќе му се допадне. Во видеото може да се види како Џоџо ужива во сурфањето на брановите во Сан Диего, а исто така сурфал и во Јужна Калифорнија, како и на брановите во Оаху и Хаваи.

Сподели на Facebook
пати видено