Полицаецот Двејн Ледоу од Саутбриџ, Масачусетс го извршувал последниот ден на неговото работно место, кога го добил најубавото, неочекувано изненадување. Двејн работел како полицаец над 32 години и заминувал во пензија. Како дел од традицијата требал да се одјави за последен пат на полициското радио.

Но, не очекувал дека од другата страна на повикот ќе му одговори неговиот син. Нејт допатувал од друга држава за да му го приреди изненадувањето на неговиот татко. Двејн не може да ги сокрие емоциите, додека неговиот син преку радиото вели:

„Моето искрено задоволство е да објавам дека на овој ден, по 32,5 години во служба, татко ми, полицискиот службеник од Саутбриџ, Двејн Ледоу се пензионира и го даде својот последен код пет. Ми претставува чест да го признам овој код пет, да го ослободам човекот кој толку многу од своето време го жртвуваше за сите нас, за да може да го помине остатокот од својот живот, откривајќи ново пиво, истражувајќи ја оваа прекрасна земја, а најважно да ја брка славата. Тато, ти си официјално код пет.“

Борејќи се со солзите Двејн одговорил преку радиото: „Те сакам“. Во второто видео на Фејсбук во живо, Нејт може да се види како со насмевка го испраќа својот татко во пензија.

Шефот на полицијата во Саутбриџ, Шејн Вудсон, исто така, му се заблагодарил на Двејн за неговата служба. „По повеќе од 31-годишна служба во градот Саутбриџ, полицаецот Двејн Ледоу 1041 се пензионира и го дава својот последен код пет. Ти посакувам најголема среќа во во идните потфати. Ти честитам брате.“, рекол Шејн.

Двејн се заблагодарил на одделот и неговото семејство, вклучувајќи го и братот на Нејт, Ник, кој починал пред неколку години во сообраќајна несреќа.

Сподели на Facebook
пати видено