Сигурно сите имате една пријателка која е паметна, убава и образована. Таа има сѐ, но сепак нема среќа во љубовта. Едно истражување покажало како гледаат мажите на причините поради кои една жена останува сама.
1. Тие изгледаат мрачно
Социологот Џес Карбино ги истражувала сајтовите за запознавање и заклучила дека жените на фотографиите се обидувале да имитраат модели од модни списанија. Девојките изгледале ладни, арогантни, горделиви, вештачки. Сепак при изборот на девојка мажите претпочитаат девојки кои се насмеани на фотографиите, па и делуваат малку срамежливо.
2. Премногу сакаат да се омажат
Прекумерната желба за брак може да ги исплаши и оние мажи кои сонуваат за семејство. Некои жени уште на првиот состанок го замислуваат мажот како иден сопруг, а пото ги проценуваат неговите квалитети. Мажите, од друга страна, ја гледаат жената како своја идна сопруга, кога веќе се уверени во нивната компатибилност со сите други точки.
3. Ги комплицираат сите работи
Многу жени имаат тенденција да ги драматизираат настаните и да бараат скриено значење таму каде што нема. Што можете да направите ако навистина постои разлика во размислувањето за машко и женско размислување? Повеќето мажи размислуваат логично и холистички, а жените посветуваат поголемо внимание на деталите.
Ние нема да можеме да ги преобликуваме нашите умови и да размислуваме како што би сакал спротивниот пол. Но, може да се поштеди нивниот мозок и да не се напаѓа со формална логика со фрази како: „Мислам дека нешто не е во ред!“ Барем во почетокот на врската.
4. Не знаат како да ги сакаат мажите
Мажите и жените не секогаш го зборуваат истиот јазик на љубовта. Психолозите тврдат дека им е важно на припадниците на посилниот пол да чувствуваат почит кон својот партнер, а девојките повеќе ги ценат романтичните изрази на чувства.
Како и со сè друго, важно е да се балансира. Прегратки, бакнежи и слатки гестови служат за искажување на љубовта, а пофалбите, восхитот и важноста на неговото мислење ќе служат за искажување на почитта.
5. Многу бараат
Социјалните барања за мажите се многу повисоки отколку за жените. Тие мора да заработуваат добро за да го обезбедат семејството, да бидат посилни, попаметни и посмирени од нас. Сепак некои жени го бараат сето тоа од мажите, а не гледаат што можат да понудат.
Но, доколку една жена сама се труди за да успее и да одговара на сите овие „високи стандарди“ тогаш секој маж ќе сака да ја освои.
6. Не се грижат за себе
Многу мажи сметаат дека убавината на жената е нејзино најважно достоинство. Иако карактерот, интелектот и духовните квалитети, исто така, играат важна улога во изборот на придружник, изгледот е првото нешто на кое тие обрнуваат внимание.
Добро негувана, стилски облечена жена со добро држење на телото и пријателска насмевка остава добар впечаток, без оглед на тоа дали одговара на критериумите за мода и убавина. Освен тоа вештачките трепки, усни, гради, премногу козметика, најчесто се одбивни за спротивниот пол.
7. Тие живеат во илузии
Цртаните филмови на Дизни и холивудските мелодрами за принцот на бел коњ ги расипуваат животите на некои луѓе. Секогаш може да има романтика во една врска, но тоа не може да се случува постојано како во бајките.
8. Тие сами одлучуваат за сè
Изразот „силна и независна“ се здоби со негативна конотација кај мажите. Често е злоупотребен од жените кои сакаат да контролираат сѐ околу нив. Мажите, исто така, имаат своја гледна точка и гордост, тие исто така учествуваат во овие односи и очекуваат да ги разберат и да ги почитуваат.