Спасувачкиот тим на организацијата „Животинска помош“ во Удијапур, Индија, пронајде куче заробено во буре од катран, кое било заглавено неколку дена и воопшто не можело да се движи. Кутрото животно беше преплашено и одвај дишеше затоа што и градите му беа заглавени во катран.

Претпоставките на спасувачите се дека кучето се сокрило во бурето за да се стопли во текот на ноќта, па топлината на неговото тело го растопила катранот и така заглавило во бурето.

Сподели на Facebook
пати видено