Кристал Ален направила фатална грешка кога избегала од домот во Плејцервил. 16-годишното девојче било убедено да избега од страна на „пријател“ кој подоцна ја предал на макро во Сакраменто. Тогаш започнал кошмарот на Кристал.

„Тие направија да ни биде најтешко. Имаа кучиња и чувари кои постојано не набљудуваа и не нѐ оставаа сами. Јас бев врзана за стол.“, вели Кристал. Потоа следеле три месеци тепање, дрогирање и силување. „Едноставно плачев и се молев повторно да ја видам мајка ми.“, додава Кристал.

Конечно на 8-ми јуни Кристал успеала да избега од нејзините киднапери, така што се фрлила од нивното комбе. За среќа тука се нашол поштарот Иван Кристотомо кој разнесувал пошта во тој момент. Таткото на 4 деца ја качил во службеното возило бидејќи сфатил дека девојчето е во неволја.

„Ја слушнав како плаче, очаен плач. Таа почна да покажува на нејзината рака велејќи: ‘Ставаа нешто во мене! Тие доаѓаат да ме земат!’“, вели Иван. Тој повикал полиција и ѝ помогнал на Кристал да се јави на нејзината мајка. Во видеото е прикажана повторната средба на Кристал со нејзиниот херој, а таа сега оди на интезивна терапија за да се опорави од траумите кои ги доживеала.

Сподели на Facebook
пати видено