„Што е тоа? Вонземјани? Дали е НЛО?“, прашал човек кој го снимил видеото и го објавил на социјалните мрежи. Повеќе корисници потврдиле дека забележале слични чудни облаци, но мислеле дека им се причинува и не обрнале внимание.
Облакот во облик на „летечка чинија“, односно НЛО, бил забележан ниско на небото над Андропова авенија во рускиот главен град, Москва, кога еден случаен минувач го извадил телефонот и почнал да снима. Видеото покренало жестоки дебати помеѓу луѓето. Некои од нив искажале страв од можен напад на вонземјани, а други биле скептични.
Но, науката сугерира дека тоа е (многу помалку загрижувачки) кумулус облак, средно-висок заоблен облак. Тие формираат на пониски нивоа на атмосферата и обично се поврзуваат со мирно време. Големи кумулус облаци можат да предизвикаат врнежи од дожд доколку се искачат на повисоки нивоа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.