Френклин Вилијамс од Кливленд бил осуден за три вооружени грабежи, но за време на неговото судење очигледно имал уште многу работи да додаде, во моментите кога судијата Џон Русо се обидувал да зборува. Вилијамс зборувал и наместо неговиот адвокат и го прекинувал судијата дури и откако бил предупреден неколку пати да престане да зборува.

„Господине Вилијамс, јас сум судијата тука. Затворете ја устата и ќе ви кажам кога ќе можете да зборувате. Доколку морам ќе ви ја затворам устата за миг.“, го предупредил судијата Џон. Неколку минути подоцна, откако Вилијамс продолжил да се расправа, судијата наредил да му ја затворат устата.

„Ќе ви ја залепам устата и ќе ја одлепам кога ќе сакам да зборувате.“, му рекол судијата на Вилијамс. Тогаш полицајците му ставиле дебело парче црвен селотејп на устата. Вилијамс се обидел да стане, но полицајците го „предомислиле“.

Вилијамс претходно бил осуден на 14 години затвор за злосторствата откако се изјаснил за виновен, но доби жалба кога поротата открила дека е дезинформиран за неговиот можен предвремен датум на пуштање. За време на повторното судење, 32-годишниот Вилијамс ја пресекол нараквица и исчезнал. Тој на крајот бил осуден на 24 години затвор.

Сподели на Facebook
пати видено