Исмаел Дурате бил на шопинг во Таргет, Калифорнија со неговата 15-годишна ќерка, кога се случил инцидент кој ниту еден родител не би сакал да го доживее. На Дурате му станал сомнителен еден маж, кој клекнувал кога бил во близина на девојка во фустан или здолниште.
Кога се доближил до ќерката на Исмаел тој забележал дека всушност ја фотографира со мобилниот, под нејзиниот фустан. Таткото не можел да издржи и веднаш реагирал. Тој му го клоцнал мобилниот и го соборил воајерот на земја, но потоа одлучил да го пушти и да му ги фотографира регистарските таблички на автомобилот.
Наредниот ден полицијата го уасила 29-годишниот Џорџ.А.Ибара, кој стои зад оваа грозно дело. Од полицијата велат дека тоа не била првата продавница во која Џорџ го направил тоа, туку бил фатен на безбедносните камери и во друга продавница на Таргет.
„Мојата ќерка и девојките што не беа свесни дека некој ги фотографира, тоа многу ме погоди. Тоа е многу одвратно. Одвратно е што точно знаеше што прави. Ако бил во различни продавници на Таргет, кој знае во колку други продавници бил.“, изјавил Дурате.