Ед Таока многу сака змии и на неговиот Јутуб канал напишал: „Змиите не се животни жедни за крв. Тие честопати се погрешно портретирани од медиумите за да предизвикаат паника и параноја. Овие видеа го нагласуваат мирниот карактер и она што навистина се случува кога се грижите за овие рептили во домашни услови. Имаме две, многу нежни и мирни, мрежести питони наречени Сони и Шер.“
Таока толку многу им верува на своите змии што ѝ дозволил на неговата 5 годишна ќерка да се игра со една од нив. Во видеото може да се види како малото девојче се игра со питонот Шер, долг 3,6 метри.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!