Пред неколку години, полицаецот од Форт Ворт, Тексас, Дејмон Кол одлучил да го стави знакот на Супермен врз неговиот панцир, со цел да изгради однос со децата што ги сретнувал за време на неговата служба. Тој им го покажувал логото и ги замолувал да ја чуваат тајната. Денес, кога Кол не работи, тој го користи своето слободно време за да им помогне на болните деца и да ги расположи.

Во 2012 година, кога Кол работел за полициската станица во Далас, почнал да се облекува како Супермен за разни настани во заедницата и посети во болница.

Во 2015 година, тој се откажал од одморот и возел 11 часа за да запознае 7-годишно момче со рак во Илиноис.

Тој, исто така, го посетил училиштето за момчиња облечено како Iron Man.

Кол дури ги прилагодил и неговите возила. Едното е во стилот на Бетмобилот, а другото возило е Dodge Charger во стил на Супермен.

Кол еднаш изјавил во интервју дека неговата ќерка Савана е неговата инспирација и причината зошто го прави она што го прави.

Во интервју Кол изјавил дека посетил 20+ држави и видел повеќе од 1.000 деца досега.
Еве само неколку:

Тој сака да ги нарекува овие деца „херои“. Понекогаш овие херои ја добиваат битката, но за жал понекогаш не. Тогаш Кол е таму за да ги посети за последен пат.

Херој Џеремаја

Херојот Супер Семи

Херојот Џошуа Џон

И многу повеќе … Костумот,наметката или автомобилот не го прават херој; срцето го прави тоа, па дури и ако е скршено.

Сподели на Facebook
пати видено