Во катедралата Страгнас во југоисточниот дел на Шведска биле чувани круните на кралот Карл IX и на кралицата Кристина. но, вчера овие скапоцености со непроценлива вредност биле украдени од катедралата.
Карл IX бил крал на Шведска од 1604 година до неговата смрт во 1611 година. Двете круни се погребните круни од 1611, но подоцна биле ексхумирани и изложени. Биле земени две кралски круни, една на кралот Карл IX, другата на кралицата Кристина, како и кралски шар.
Катедралата била отворена за јавноста кога скапоценостите биле украдени од заклучени стаклени кутии. Портпаролот на полицијата, Томас Ањевик изјавил дека сѐ уште никој не е упасен во врска со кражбата: „1:0 е за нив моментално. Разговарав со некој во окружниот управен одбор кој вели дека не е можно да се стави економска вредност врз нив – тоа се непроценливи предмети од национален интерес.“
Сведоци ги забележале двајцата крадци кои откако ги украле скапоценостите влегле во моторен чамец, по што им се губи секоја трага. За среќа никој не бил повреден за време на грабежот.