Секој ден се случуваат научни откритија кои го менуваат светот во кој живееме. Тие со себе носат многу нови технологии и методи кои со текот на времето ќе се развиваат и подобруваат.

Еве некои од нив.

Телекинеза

Способноста да се контролира движењето на објектите е научна фантастика, но благодарение на истражувачите на Колеџот за наука и технологија во Минесота, ова стана реалност. Користејќи неинвазивен метод, познат како електроенцефалографија, вклучувајќи и мозочни бранови, пет студенти успеале да го контролираат движењето на дроновите.

Учесниците во експериментот ги преместувале  дроновите во различни насоки, имитирајќи ги движењата на левата рака, десната рака и двете раце. По некое време тие успеале да направат неколку маневри, вклучувајќи и поминување преку огромен обрач.

Научниците се надеваат дека ќе ја подобрат оваа неинвазивна технологија за управување со мозочните бранови, која на крајот ќе помогне во враќањето на движењето, слухот и видот кај пациенти кои страдаат од парализа или невродегенеративни болести.

МРИ на срцето

Антрациклинот останува ефикасна форма на хемотерапија, но веќе е покажано дека може да им наштети на срцата на децата кои се подложени на третманот. Kај повеќето деца погодени од овој срцев дефект, се покажало дека ѕидовите на срцето станувале потенки и додека да се воспостави дијагнозата било предоцна лекарите да направат нешто. Ултразвукот честопати не ги забележувал срцевите дефекти во раните фази на болеста и ги откривал само кога е веќе предизвикано неповратно оштетување.

Минатата година се појави фундаментално нова техника. Во едно сеопфатно истражување беше откриено дека T1 МРИ (Магнетна резонанција) може да биде точен, ефикасен и безбеден метод за идентификување на кардиоваскуларните заболувања кај деца. Лекарите можат порано и поефикасно да ги видат дефектите на срцето отколку со ултразвукот. Ова е одличен медицински напредок за откривање на срцеви заболувања кај мали деца.

Ефективна електролиза (разделување на солената вода)

Во потрага по ефикасни алтернативни горива, истражувачите постојано се обидуваат да најдат начин за ефикасно преработување на морската вода за производството на водородно гориво. Неодамна, тимот на Австралискиот електротехнички истражувачки центар ја објави достапноста на катализатор способен да ја преработи океанската вода, користејќи не многу енергија.

Катализаторот е во форма на флексибилен пластичен резервоар кој апсорбира и користи енергија од светлина за да оксидира морска вода. За разлика од постојните методи кои бараат големи количини на енергија за оксидација на вода, овој метод може да произведе доволно енергија за да обезбеди еден дом и автомобилот, цел ден, користејќи само 5 литри морска вода.

Резервоарот содржи синтетски молекули на хлорофил кои ја користат енергијата на сонцето исто како растенијата и алгите. Овој метод не создава хемиски проблеми, за разлика од методот на сепарација на вода во кој се ослободуваат облаци од токсичен гас – хлор.

Сподели на Facebook
пати видено