Блејк Рикер, медицински брат од Њујорк се возел во метро, кога наспроти него забележал шармантен повозрасен пар. Сопружниците биле потпрени еден на друг и јасно можело да се види дека сѐ уште се многу вљубени. Блејк не можел да се воздржи и тој ги фотографирал.

Подоцна тој ја објавил фотографијата на социјалната мрежа, Твитер и побарал доколку некој го препознае парот да му помогне фотографијата да стигне до нив.

Блејк бил на вечера со пријателите а парот седен наспроти него. Подоцна додека ги гледал фотографиите на неговиот телефон, сфатил дека не може да го тргне погледот од фотографијата. „Колку повеќе ја гледав фотографијата, толку повеќе сфаќав колку се вљубени еден во друг.“, вели тој.

Тој сакал да им угоди на луѓето така што ќе им ја даде фотографијата. Објавата собрала 21.000 лајкови и била репостирана над 9.000 пати. Луѓето сакале да му помогнат на Блејк да го пронајде заљубениот пар.

На почетокот никој не му одговорил и Блејк мислел дека нема да успее. Но, по 8 дена му пишала жена по име Карен. Таа е снаа на заљубениот пар и му кажала дека тие веќе 64 години се во брак и дека нивната љубов е како на филм. „Фотографијата точно ја прикажува нивната врска.“, му кажала Карен.

Карен исто така му кажала дека е загрижена зошто парот патувал сам во метро, иако семејството ги замолило да не го прават тоа. Но, старите луѓе биле „бунтовни“. Исто така жената им кажала дека сопружниците се многу скромни и не сакаат публицитет и затоа нема да даде детали за нивниот живот. „Нека оваа фотографија стане приказна која јавноста ќе си ја замисли сама.“

Сподели на Facebook
пати видено