24-годишниот Дејвид од Алберта, Канада решил по легален пат да си го смени полот на изводот од матичната книга на родените и на возачката дозвола. Но, работата не е како што изгледа.

Младиот Дејвид пронашол „дупка“ во законот и решил да ја искористи.

И во Канада и во САД, машките возачи на возраст под 25 години вообичаено се обврзани да платат повеќе за осигурување на автомобил отколку жените, бидејќи статистички има поголема веројатност да бидат дел од сообраќајни незгоди. Ова навистина му пречело на Дејвид.

Пред неколку месеци тој си купил нов Chevrolet Cruze и требал да плати полиса за осигурување во случај на сообраќајна незгода. Кога го контактирал својот осигурител, тој му кажал дека осигурувањето ќе го чини 4.517 долари, кое покривало помала несреќа и неколку казни за пребрзо возење.

Потоа Дејвид прашал колку би чинело осигурувањето доколку се работело за жена. Од осигурителната компанија му кажале дека тоа би чинело 3.423 долари. Тој бил изреволтиран и сметал дека се работи за дискриминација врз полова основа и побарал од осигурителната компанија да напише на документите дека е женски пол, но неговото барање било одбиено.

Незадоволен, Дејвид одлучил законски да го смени својот пол, за да може да добие нов извод и нова возачка дозвола која го наведува како жена и потоа да може да ја достави до осигурувачот. За да успее во тоа му кажале дека ќе мора да добие потпишан документ од лекар дека се идентификува како жена.

Тогаш Дејвид помислил дека ова е крај на патот бидејќи мислел дека ќе треба да направи операција за промена на полот. Но, тој не бил во право. Сѐ што требал да направи било да му каже на својот лекар дека психички се чувствува како жена. Кога си собрал сите документи Дејвид се упатив во осигурителната компанија и го платил помалиот износ за жени.

„Бев сосема шокиран, но ми олесни. Се чувствував како да го победив системот. Се чувствував како да победив. Искористив дупка во законот. Јас сум 100% маж, но легално сум жена.“, вели Дејвид.

Дејвид не го открива целосно својот идентитет затоа што се плаши дека може да биде кривично гонет.

Сподели на Facebook
пати видено