Тао од Тајланд е скротувач на рептили. 45-годишниот маж изведува опасни точки со крокодилите од „Пхокатара крокодилската фарма“, кои многу често го загрозуваат неговиот живот. Неговиот најнов настап ја преплашил публиката.

Тој настапува пред околу 100 посетители на крокодилската фарма, во Чианг Раи, северен Тајланд. Како ја ставил раката во челустите на крокодилот, додека друг скротувач гледал, Тао погледнал во публиката и му рекол на спикерот да ја запре музиката. Тогаш се случило она од што сите најмногу се плашеле.

За среќа повредите на Тао не се многу сериозни и тој изјавил дека ќе продолжи со работа за две недели. Управителот на фармата вели дека вакви инциденти ретко се случуваат и дека Тао ги сака крокодилите и никогаш не би се откажал од нив.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено