Лес Џонс, од Гули, Нов Јужен Велс, е овчар. Тој се грижи за 1.200, но поради големата суша, немало повеќе храна за овците и тие почнале да умираат од глад. Дневно од глад умирале околу 10 овци. Лес и неговото семејство се труделе колку можеле да обезбедат храна и се обратиле и до јавноста за нивниот проблем.

Лес ги земал со себе во куќата најслабите јагниња, каде што се грижел за нив. Но, сепак иднината за стадото била неизбежна без храна. Овчарот не можел да произведе храна поради сушата, немал доволно средства да ја купи, а овците биле во премногу лоша состојба за некој да сака да ги купи, тој сметал дека единствениот излез е да им ги скрати маките со „масовно стрелање“.

Тогаш кога најмалку очекувал Џонс добил камион полн со храна. Донацијата била направена од страна на Лајонс Клубот за „потреба од помош при катастрофи“. Сопругата на г-дин Џонс, Лаура, заплакала од олеснување кога пристигнал камионот.

Пред да пристигне помошта, стотици Австралијци донирале пари за парот кој бил уништен од најлошата суша во Нов Јужен Велс во последните 30 години.

Овчарот вели дека храната ќе послужи додека да најдат начин да обезбедат уште за понатаму.

Сподели на Facebook
пати видено